Според Мицкоски народот е во право што бојкотира дел од маркетите, на прес соопштени Тинекс и Веро дека профитираат со високи цени

101

Премиерот Христијан Мицкоски има разбирање акцијата на граѓаните овој петок да се бојкотираат маркетите поради високите цени, по примерот на Хрватска.

Тука не треба да имаме никаква дилема, бидејќи од самиот почеток зборувам за однесувањето на поединци во овој бизнис и дека на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат високи профити. Институциите, пазарните инспекторати ја следат ситуацијата и навремено реагираат – изјави Мицкоски.

На коментарот на новинарот производителите се уценувани од големите ланци на маркети, односно два маркети, кои се обидувале да го изиграат законот за нефер трговски практики, кој месецов стапи на сила, им се даваат договори со 10 отсто маржа, а потоа им се нудат специјални договори, каде маржата се зголемува на 40 до 45 отсто, Мицкоски рече:

-Ако ова се случува е кривично дело и треба да ги кажете маркетите, да ги кажете пред органите задолжени за тоа.

На ова новинарот искоментира: Тинекс и Веро.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content