Според Делегацијата на ЕУ Прилеп е Најзелената општина во Македонија за 2021 година

42
Делегацијата на Европската Унија ја промовираше Наградата за најзелена општина во рамките на нејзината кампања за подигање на свеста и промовирање на Зелениот договор на ЕУ. На отворениот повик, објавен на 3 март 2022 година по повод Светскиот ден на дивиот свет, сите општини во Македонија беа поканети да аплицираат со прикажување на нивните најдобри примери за управување со цврст отпад во 2021 година.
Осум општини,  Берово, Центар (Скопје), Кавадарци, Охрид, Пехчево, Прилеп, Тетово и Зелениково, учествуваа на повикот презентирајќи ги своите водечки активности со кои придонесоа за подобра животна средина во 2021 година.
Одборот за евалуација, составен од експерти од Делегацијата на ЕУ, Гоу Грин, Еко-свест и претставник на Јуроп Хаус ги стави Кавадарци и Прилеп во потесен избор за последователни теренски проверки за да ги проверат информациите презентирани во нивните апликации.
Прилеп покажа најдобра еколошката практика во областа на управувањето со отпадот во 2021 година.
Примопредавањето на наградата ќе се случи во рамките на конференцијата „Најдобра практика за управување со комунален отпад – затоа што немаме резервна планета“ организирана во рамките на проектот ЕУ за општините финансиран од Европската Унија.
Посетата „ЕУ со ТЕБЕ“ на Прилеп ќе опфати и посета на Пречистителната станица – инвестиција од ЕУ вредна 8 милиони евра која го подобрува квалитетот на водата, како и квалитетот на животот на прилепчани од 2019 година, соопшти Делегацијата на ЕУ.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content