Со овој рецепт ќе ги намалите посетите кај докторот

33

Се повеќе доктори јавно истакнуваат дека комбинацијата од мед, ѓумбир и лимон е толку лековита и дека толку го зголемува имунитетот, така што покрај оваа домашна смеса никогаш нема да ви бидат потребни лековите за настинка и грип, но и за некои други болести.

Состојки: 2 лимони, 1 среден корен од ѓумбир, 500 гр домашен мед.

Подготовка: Лимонот измијте го убаво и исцекајте го на кругчиња. Ѓумбирот олупете го и исецкајте го на кришки, па се ставете во чиста стаклена тегла од 1 литар. Овие намирници полијте ги со медот, но не до крајот на теглата. Оставете ја да отстои еден ден (лимонот и ѓумбирот ќе пуштат сок).

Затворете ја теглата и ставете ја во фрижидер да стои 1-2 месеци. Кога смесата ќе стане како желатин, разблажете ја со малку зовриена па малку оладена вода (по желба).

Дневната доза за возрасни е 2 лажици дневно, а за деца 1-2 лажички. Оваа смеса можете да ја додавате и во чај.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content