Со „Ковид 4“ грантови за фирми од најпогодените сектори

29

Износот на кредитот ќе биде дефиниран во зависност од бројот на вработените и падот на приходите, а роковите за отплата ќе се движат од 36 до 42 месеци со 12 месеци грејс период.

Во оваа кредитна линија е овозможена и грант компонента до 50 отсто на кредитот доколку корисниците на кредитите ги исполнат потребните услови, а тоа е во 2021 година да имаат пет отсто повеќе вработени во однос на 2020 година и вкупните приходи во 2021 година да се зголемени за 10 отсто во однос на лани, информираше  вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

 

Министерот за финансии Фатмир Бесими очекува позитивен ефект од оваа кредитна линија, како од претходните три бескаматни кредитни линии од Развојната банка во износ од 44,1 милиони евра, со кои беа поддржани над 4.000 фирми со вкупен број од 36.800 вработени.

Дополнително ќе се поддржат стопанските субјекти со гарантниот фонд кој ќе гарантира кредити до 500 илјади евра на микро, мали и средни претпријатија, што исто така, посочи, ќе придонесе за поддршка нашата економијата.

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска, пак, вчера порача дека централната банка ќе ги преземе сите неопходни мерки со цел да ја задржи ценовната стабилност.  Како што рече, будно ги следат сите движења и доколку има потреба, соодветно ќе реагираат. Досега, наведе, инфлацијата се задржува во умерени рамки. Очекувањата се дека ова забрзување на инфлацијата ќе се стабилизира и веќе од следната година таа ќе биде пониска во однос на оваа година.

Владата досега има донесено шест сета мерки, со вкупно проектирана вредност од околу 1,1 милијарда евра, како директна помош за справување со последиците од корона кризата.  Како важен во периодот после пандемијата со Ковид-19  од Владата го посочуваат и законот за отпис на камати што се очекува да им помогне на повеќе од 150 илјади граѓани.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content