Со втората победа МЗТ е на чекор од шампионската титула

216

ошаркарите на МЗТ Скопје запишаа втора победа со 80-75 во финалната серија од плеј-офот во Првата македонска лига против Пелистер.

Гостите од Битола започнаа подобро, но тимот од Аеродром пополека влезе во ритам и го презеде водството. Интересно беше во финишот од средбата, кога Пелистер успеа да дојде до три поени разлика (76:73), но домашните беа присебни, а тимот од Битола промаши неколку шута, и не успеа да направи пресврт во мечот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Душан Танасковиќ со 16 поени, Делалиќ додаде еден помалку, додека Војдан и Дамјан Стојановски постигнаа 13, односно 11 поени.

Кај Пелистер најрасположен кошаркар беше Александар Костоски, кој постигна 17 поени.

МЗТ Скопје е на победа од нова шампионска титула, која ќе има можност да ја завери на теренот во Битола.

Фото: ФБ МЗТ

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content