Соопштение од прилепските црковни храмови до верниците за престојниот празник Св. Фануриј

106

Распоред на богослужби и соопштение од прилепските црковни храмови за престојниот празник Св. Фануриј:

Црква Св. Кирил и Методиј – Параклис

08 септември (недела) – 17:00 часот – Празнична вечерна богослужба.
09 септември (понеделник) – 07:00 часот – Празнична утрена со Света Божествена Литургија.

После завршување на службите ќе се изврши и режењето на празничниот колач – фануропита, кој во негова чест го принесуваат верниците.

Св. Благовештение – Стара црква

Колаците (фануриите) ќе се прережуваат: На вечерна Богослужба во недела и понеделник (08ми и 09ти), од 16.00 до 18.00 часот и на утринската литургија во понеделник (09ти), од 07.30 до 10.00 часот. Во Свето Преображение (Грчка Црква), после Богослужбите.

ДА СЕ ПОМОЛИМЕ ЗА МАЈКАТА НА СВЕТИ ФАНУРИЈ, ТА И ТОЈ ДА БИДЕ НАШ МОЛИТЕЛ ЗА НАШИТЕ ПОТРЕБИ ПРЕД БОГА. АМИН!

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content