Skip to content

Сончево време со температури до 20 степени, од наредна недела дождови

100

Сончево со умерена облачност предвидува УХМР за денес. Во текот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Особено поинтензивни процеси се очекуваат во текот на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд(над 20л/м2). Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен(над 60км/час) јужен ветер.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио