Советник на СДСМ од Берово кој е газда на ноќен клуб ПРИВЕДЕН заради вмешаност со дрога, откри Ковачки

118

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, додека е на средби со граѓаните во Крива Паланка, се обрати на социјалните мрежи со вест дека уапсен е советник на СДСМ од Берово. Според неговите информации, советникот, кој е и сопственик на ноќен клуб, е приведен поради вмешаност со дрога.

Ковачки побара одговорност и од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, но и од носителите на листи од таа изборна единица, Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, потрпетседатели на партијата.

Претходно Ковачки порача дека промените доаѓаат и во Крива Паланка.

– Од она што го слушнав општината е презадолжена, презадолжено е и Јавното комунално претпријатие, презадолжен е и ученичкиот дом „Боро Менков“. Кадрите на СДС тотално ја упропастија Крива Паланка. Меѓутоа тоа ќе се промени на 24 април и на 8 мај. Граѓаните треба масовно да излезат и да дадат поддршка за Гордана Силјановска Давкова и за ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? Затоа што во Крива Паланка без разлика што тука има градоначалник од СДС ние ќе инвестираме 10 милиони евра само во еден мандат, за нова инфраструктура, за нов подостоинствен живот за граѓаните на Крива Паланка. Ве очекуваме со масовна поддршка на 24 април за Гордана Силјановска -Давкова, порача тој.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content