Собранието ќе ја одржи петтата седница

208

Како што стои на собраниската веб-страна, на дневен ред на оваа седница се две точки – Предлог одлуката за утврдување на составот на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија и Предлог на одлуката за избор на претседател, членови и заменици – членови на Советот на Собранискиот канал.

За претседател на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија се предлага Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, а за заменик-претседател Сања Лукаревска, претседател на Комисијата за финансирање и буџет. Членови на Буџетскиот совет се предлагаат пратениците – Бојан Стојаноски, Ели Панова, Игор Здравковски, Лидија Петковска, Халил Снопче, Фатмир Битиќи, Ељми Азири, Илир Хасани и Борислав Крмов.

За претседател на Советот на Собранискиот канал се предлага Јован Митревски, актуелен потпретседател на Собранието. За членови на Советот на Собранискиот канал се предлагаат пратениците – Ели Панова, Марија Митева, Благица Ласовска, Санарда Имери-Стафаи, Аднан Азизи, Бобан Карапејовски, Горан Мисовски, Даниела Николова, Дијана Тоска и Илир Демири. За заменици-членови на Советот на Собранискиот канал се предлагаат пратениците – Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Драгана Арсова, Имрлије Салиу-Фетаи, Садик Сулејмани, Даниела Белимова, Митко Белимова, Митко Трајчулески, Бисера Костадиновска Стојчевска, Рина Ајдари и Сали Мурати.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content