Измените се задолжително носење на заштитни маски на отворено и контрола на домовите.
Оваа мерка стапува на сила по објавување во Службен весник, но веројатно претходно Владата треба да објасни како истата ќе се применува во домовите.
Институтот за јавно здравје дневно ќе прави до 1000 тестови, 150 повеќе од досегашните, вели Филипче!
Од денеска, со отворањето на уште едно приемно одделение во ИЈЗ ја забрзуваме процедурата за земање на тестови за ковид-19.
Пунктот ќе работи секој ден од 7.30 до 14 часот за земање брисеви, а од 18 до 20 часот за подигнување на резултатите.
Епидемиолошката служба ќе биде ангажирана во две смени, а ќе бидат креирани и дополнителни термини за тестирање во системот МојТермин.