Од 12:00 часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Тетово – П.Шапка и се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.
Во 16:30 часот се укина забрана за ТМВ од Мавровска раскрсница према Дебар и обратно. Од 15.50 часот се укинува забраната за движење на тешки моторни возила на планинскиот премин Стража. Од 14:10 часот се укинува забраната за движење на тешки моторни возила на патниот правец К.Паланка- граничен премин Деве Баир.
Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, затворен е за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2020 до 01.04.2021.