Производите на словенечката компанија Биостиле која го освоија Балканот и Европската Унија доаѓаат на македонскиот пазар. Премиум суплементите и додадоците за храна се произведени на природна база, а дел од нив се и органски.
Додатоците се произведуваат во градот Комен во Словенија, а компанијата користи исклучиво добро контролирани состојки.
-Сите се со сертификати, со клинички докажани студии, дел се изработени во Словенија, дел во Германија. Што значи дека апсолутно од самиот процес на производство до крајниот корисник и понатаму се следи целиот процес, се со цел да имаме задоволен корисник, задоволен купувач, и најважно од се – да има благотворно дејство за личната конзумација, за тој што ги користи, вели генералната директорка на Бистиле во Македонија, д-р Сања Дубровска.
Биостиле е присутна на словенечкиот пазар веќе 22 години. Во почетокот продавале увезени од странство, а пред 12 години почнуваат сопствено производство. Од почетокот на сопственото производство, компанијата ги следи резултатите кај своите клиенти пред и по употребата на додатоците.
-Во секој производ на Биостиле точно знаеме кои состојки се внатре, од каде доаѓа секоја состојка, во која количина, како делува секоја состојка. И она што е најважно, какви се резултатите кај клиентите, вели Аида Будимлич, претставничка на Биостиле во Словенија.
Водителката Лила Филиповска е официјален бренд амбасадор на компанијата во Македонија. И самата ги користела производите кога се бореше со ракот.
-Многу ми е драго што токму производите на Биостиле се наменети посебно коишто го имаат тој проблем, како мојот. Го имаат и ќе го имаат, за жал, тоа е една болест којашто веќе личи на епидемија. Но, како и да е, се е полесно со тип на производи како производите на Биостил, рече Филиповска.
За околу една недела ќе биде отворена првата продавница на булеварот Партизански одреди, но производите ќе се продаваат и онлајн.