Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk или директно да поднесат хартиена пријава до ученичкиот дом, информираат од МОН.
Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во втора, трета и четврта година почнува од 24 јуни и ќе трае до 1 јули 2022, а за учениците кои се запишани во прва година електронското пријавување ќе биде од 1 јули до 8 јули 2022.
Во објавениот Конкурс се наведени условите за прием во јавните ученички домови, потребните документи и начинот и постапката за прием.