Следете ги делата на Светиот Николај Чудотворец, сакајте, даруваје и помагајте: Ви посакуваме честита слава и прекрасна празнична вечер
Љубовта кон Бог, исцелителната моќ која ја поседувал, како и чудата кои ги правел во името на Бога, го издигнуваат неговото дело како најпочитуван светец од Православната христијанска црква, но е почитуван и од Католичката црква, како и од муслиманите.
Свети Никола е најчестата слава во Република Македонија, илјадници домови вечерва на заслогот, и утре на празникот, со вкусна посна трпеза дочекуваат гости, ќе се помолат, ќе побараат негова наклонетост и заштита, за нив и најблиските.
Неговото име посебно се почитува од прилепчани. Прилеп го има Св. Никола како заштитник на градот. Секоја година градот примаше илјадници гости за овој ден, а традиционално во центарот на градот на 19-ти декември се послужуваа вкусни посни сармички, грав, риба, вино и ракија. За жал, поради пандемиjaта предизвикана од коpoнавиpycoт, оваа година сите манифестации се откажани.
Порталот RadioHolidej.com.mk, на сите православни Христијани, пред се на оние кои го имаат Св. Никола како свој куќен заштитник, им посакува прекрасно поминати празнични мигови, многу љубов, добро расположение, бериќет и благодет. На сите оние кои го носат името Никола, Коле, Нина…., им посакуваме честито и вековито име.
Нека Светецот Никола биде со сите нас, да се наслониме и помолиме за неговата љубов, да побараме благослов, вечно да го славиме неговото име, неговото дело и да научиме да се сакаме, почитуваме и помагаме.
НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ И НАПОМОШ !