Скратени програми за матура за само четири предмети
Иако министерката за образование Мила Царовска на отчетот за 100 дена Влада вети дека „испитите ќе се одржат по скратени и поедноставени наставни програми и прашања“, според дописот од Бирото за образование до МОН прашања по скратени предмети ќе има само за четири предмети: Македонски јазик, Хемија, Физика и Географија.
За останатите предмети Бирото поценило дека нема потреба од кратење на програмите туку препорачува „членовите на комисиите за подготвување за испитите да се насочат да изготват прашања од пониско ниво и истите да не се состојат од барање на фактографски детали“.