Скопје организатор на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година

71

Управниот одбор на Европските олимписки комитет (ЕОК) ја прифати кандидатурата на Македонскито Олимписки Комитет (МОК), во 2025 година градот Скопје да биде домаќин на осумнаесеттото издание на летниот Европски олимписки младински фестивал (ЕОМФ).

Претседателот на МОК, Даниел Димевски и градоначалничката Данела Арсовска денес официјално ќе го преземат знамето на ЕОК како симбол за организација на следниот ЕОМФ на затворањето на годинешното издание во Марибор, Словенија каде што ќе биде потпишан и договор за соработка помеѓу ЕОК и МОК за организација на Европските младински игри, Скопје 2025. Претходно, делегација на ЕОК, го посети МОК кој организираше посета на спортската инфраструктура како и на сместувачките капацитети, но и средби со заменик Претседателот на владата, Фатмир Битиќи и градоначалникот на град Скопје, Данела Арсовска.

Сите, во еден глас ја поздравија оваа иницијатива на МОК и истакнаа дека овој најголем младински Европски мулти-спортски настан е извонредна можност да докажеме дека МОК и градот Скопје се подготвени да ја прифатат привилегијата и оваа неверојатна можност и извонредна обврска да бидеме домаќини на најдобрите млади европски спортисти благодарение на довербата на Европските олимписки комитети.

На ЕОМФ Марибор 2023, се натпреваруваат повеќе од 2.400 спортисти и околу 1.000 официјали, во единаесет спортски дисциплини. Првото издание на фестивалот се одржало во Брисел во 1991 година каде што младинци на возраст од 14 до 18 години се натпреварувале на интернационалниот настан. Македонија ќе биде една од 25-те европски земји кои биле домаќини на Зимски и Летни игри и шеснаесетта во која ќе се одржи летното издание.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content