Скандал! Откриени злоупотреби на државно земјиште на над 2000 хектари – истрагата се шири!

102

Отркиени се злоупотребени на повеќе од 2000 хектари земјоделско земјиште кои државата ги дала под концесија, а инспекторатот ќе ги продолжи контролите за земјиштето да стигне до вистинските земјоделци, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при денешниот престој во Прилеп.

Од оние контроли што ги правиме уште од првиот ден на преземањето на Министерството, станува збор за околу 2000 хектари кои се откриени, но има и злоупотреба на субвенции кои се користеле од државата, биле бесправно. Контролата на инспекторатот за злоупотребата континуирано трае, рече Трипуновски.

Државата продолжува со распределба под концесија на државното земјоделско земјиште, кое вистинските земјоделци ќе го обработуваат и ќе произведуваат.

Завршија петте јавни повици кои беа ставени на располагање во декември и во јануари. Веќе се изготвени договорите, се испраќаат кај земјоделците. Нова распределба на земјиштето се очекува во јуни или во јули месец – рече министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска во Прилеп.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content