Сиљаноски: Македонските песни им беа сељачки, сега за директорско место го облекуваат Сонцето од Кутлеш

142

До пред половина година се пуштаа од оро кога ќе запеев патриотска песна, се плашеја да не ги видат или сликаат со мене затоа што важев за патриот, а за нив беше страмно и заостанато да си патриот. Се плашеа да стават лајк на мои објави и постови од национален интерес. Македонските народни песни за нив беа „сељачки“. А сега…сега наеднаш сите се патриоти.

Вака македонскиот пејач Спасен Сиљаноски удри по сите лажни патриоти, порачувајќи им дека и лично би им го кажал истото, но не му креваат на телефон.

Се развиле знамиња со 16 краци за да докажат демек и ние сме патриоти. Поголеми патриоти дури и од Гоцета, Дамета, Јанета…Поголеми католици од Папата. И тие истите такви гниди, мекотели, безкичмењаци, олоши, кодоши, бројлери се облекуваат со Сонцето од Кутлеш и дремат по штабови за да се дочепаат до некое директорско место…И, за жал, си добиваат, што е најтрагично. Одеднаш гледаш нови голобради фаци како се сместуваат на функции, а никогаш предходно не си ги видел на протест, митинг, трибина, организација…никаде! Еј вие таму горе високо, внимавајте, Македонија не е само за денес. На Македонија ќе ѝ требаат секогаш вистински патриоти со „мустаќи“. Не уништувајте го патриотскиот дух во нив оти само уште тој им остана. А без нив нема Македонија…ниту вас. Патриот е оној кој што е подготвен да изгуби сè, дури и својот живот за својата татковина и својата нација, а не е човек кој што е подготвен да ДОБИЕ сè од свјата татковина, научете ја еднаш оваа разлика, им порача тој.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content