Сиљановска Давкова се сретна со ОМД

125

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во „Вила Билјана“ во Охрид ги примила Мето Колоски и Гордан Јорданов од Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и на средбата со нив била информирана за тековните проекти и планирани активности на ОМД.

Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, биле разменети мислења за Националната стратегија за соработка со дијаспората, за актуелните политички состојби во САД и Европа, како и за промените во демографијата на дијаспората.

-Потенцирајќи дека ОМД претставува глобален глас на македонските иселеници во САД, Канада, Европа и Австралија, претседателката изрази поддршка на нејзините иницијативи и севкупниот придонес за меѓународна афирмација на земјата и промовирање на македонските вредности, идентитет и култура.Во таа насока, таа се заблагодари за конструктивноста на ОМД, поддршката во застапување на македонските интереси и исполнување на стратешките цели на државата, како и за нивната улога во унапредување на билатералните односи со земјите во кои дејствуваат, информира Кабинетот на Сиљановска Давкова.

На средбата претседателката ги истакнала нејзините заложби за унапредување на соработката со ОМД, продлабочување на врските со иселениците, искористување на потенцијалите и јакнење на нивната улога во развојот и просперитетот на земјата.

-Посочувајќи дека македонската дијаспора е столб на татковината, дипломатски ресурс и нашата економска состојба е директно поврзана со активностите на дијаспората, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека е неопходна активна и продуктивна соработка со македонските иселеници и изнаоѓање модел и посебни услови со кои ќе се овозможат нивни инвестиции, како и пренос на знаење и вештини во земјава, се наведува во соопштението.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content