Синоќа се пиело, па се возело – казнети 17 возачи

0

Во текот на изминатата вечер (01/02.09.2023) во периодот од 20.00 до 04.00 часот на подрачјето на Прилеп спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 17 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 8 други видови прекршоци.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за поголема безбедност во сообраќајот.

Skip to content