Синдикатот бара субвенциите за плати да одат директно кај работниците

47

Според податоците од УЈП, по добиените опомени 351 претпријатие ја исплатиле платата за ноември.

 

Најмногу работодавачи кои ги задржале субвенциите се од трговијата на мало – 43, 37 се од подготовка на оброци и 22 во транспортот. Забележливи се три поголеми фирми, како на пример „Балкомерц“ од Скопје со 55 вработени (транспорт), печатницата „Напредок“ од Тетово со 53 вработени и „Супершуз“ од Студеничани со 42 вработени (производство од кожа), текстилната компанија „Амарета“ од Штип со 29 вработени и градежната компанија „Екотон“ од Скопје со 25 вработени. Останатите фирми се со еден до петмина вработени.

 

Во меѓувреме од Сојузот на синдикатите порачаа дека е недопустливо работниците во време на ковид-кризата да останат без плати, кои чесно си ги изработиле.

–Алчните газди по петти пат оставија работници без никаква егзистенција, а иако УЈП овој пат дејствуваше веднаш, се покажува дека и тоа не е доволно и дека и покрај сознанијата и информациите во јавноста кои ги изнесуваме и ние и државните институции за одговорноста за овој вид злоупотреби, повторно има работодавачи кои немаат милост ниту спрема работникот ниту, пак, се плашат од државата и од казни – критикуваат од ССМ.

Затоа, од најголемата синдикална организација, покрај паричните казни, бараат и кривична одговорност, зоштозаконот е еднаков за сите и не познава газди, граѓани или работници.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content