Силен земјотрес ја стресе Босна, почувствуван во Македонија и во целиот регион

32

Земјотрес вечерва во 23.07 часот ја погоди Босна и Херцеговина. Евромедитеранскиот сеизмолошки центар јавува дека земјотресот бил на 9 километри северно од Љубиње, на 15 километри југоисточно од Столац и на 45 километри југоисточно од Мостар.

Земјотресот е со јачина од 6 степени по Рихтерова скала, според првичните информации на ЕМСЦ и на длабочина од 5 километри.

Потресот се почувстувал и во другите делови на Босна, Хрватска, Црна Гора и Србија, но и во Македонија и Албанија.

Кратко по првите објави, ЕМСЦ ја корегираше објавата: земјотресот е со јачина од 5,7 степени по Рихтер.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content