Силекс со победничкиот пехар во Купот
Во едно здодевно, најслабо финале во историјата, кратовци имаа повеќе нерви, беа подобри изведувачи во пенал – рулетот и затоа сега заслужено слават.
Тоа славење нема да трае долго, зошто веќе во вторник тие го играат мечот на сезоната, и тоа против Тиквеш во бараж за опстанок во ПМФЛ. Но за тоа потоа.
Сега е време за славје откако победничкиот тим го доби пехарот од рацете на првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини, следуваше неизмерната радост на кратовци.