Се уредува дворот на црквата Св. Петка

71

Целосно се уреди просторот околу храмот Св. Петка во населбата Точила во Прилеп. Просторот до црковниот храм претставуваше проблем кога времето беше врнежливо, па за празник верниците немаше каде да ги паркираат своите автомобили.

Сега конечно просторот е израмнет како тепсија, што значително ќе го олесни пристапот до храмот и масовноста за литургиите.

-Рамнење и натапкување со ваљак на посланиот асфалт. Завршните зборови ги имаа двајцата шофери, кои, очигледно познавајќи си ја работата, го направија порамен од тепсија. Секоја чест! Благодарност до сите кои “замешаа” прсти во изведувањето на овој проект, од идеја до реализација. Бог да ги награди со Неговите богати дарови и да ги впише во книгата на животот, заедно со нивните семејства – напишаа од храмот Св. Петка на ФБ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content