Се подобруваат резултатите на европските првенства

121

Нашите репрезентативци во јуниорска и кадетска конкуренција учествуваа на Европското јуниорско првенство во Малме, Шведска што се одржа од 12ти до 21ви јули во поединечна категорија и категорија на двојки и мешани двојки.

Нашите претставници беа:
У15:
Кристијан Каламадевски – ППК Зегин Берово
Моника Стајковска – ППК Зегин Берово
Фани Јованоска – ППК Зегин Берово
У19:
Лука Стојчев – ППК Младост
Андреј Стојановски – ППК 10 60 АС Ѓорче Петров

Кристијан Каламадевски успеа да се пласира во елиминационен дел во кадети како втор во група победуваќи го играчот од Кипар Јоанис Хаџиапостолу со резултат 3-2. Моника Стајковска и Фани Јованоска имаа по една победа во група и многу мала бодовна разлика ги делеше од главната табела.

Во игра на двојки нашиот пар Стојчев-Стојановски извојува победа над пар од Велс/Унгарија со резултат 3:2.
Со тоа обезбедија влез во најдобрите 64, соопштија од Пинг-Понг Федерација на Македонија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content