Skip to content

СЕ ПОДГОТВУВА АВИОНСКИ ПРЕВОЗ ЗА НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНИТЕ

101

Министерството за здравство информира дека во моментот се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот во дискотеката во Кочани.
„ 5 пациенти се упатуваат на лекување во Бугарија, од кои двајца се од Хируршката клиника ,,Св. Наум Охридски” и тројца од ТОАРИЛУЦ Во Турција на лекување ќе се упатат тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ и 6 од ГОБ ,,8 Септември”- велат од МЗ.

Оттаму додаваат дека за Грција со возила на итна медицинска помош се транспортирани тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ.
Министерството информира дека со возила на итна медицинска помош  ќе се транспортираат уште 10 повредени, по 5 во Србија и во Бугарија.
Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио