Се изработуваат шест закони од областа на образованието

126

Работни групи во Министерството за образование и наука, во кои членуваат и стручни лица од наставничката и академската фела, експерти и претставници на повеќе надлежни институции, подготвуваат шест нови законски решенија, со кои ќе се унапредат образовните услуги што се испорачуваат кон граѓаните и ќе се обезбедат повеќе права и можности за разни засегнати категории во областа, извести МОН.

Станува збор за предлог-закони за средното образование; стручно образование и обука; образование на возрасните; учебници во основното и средното образование, како и закони за изменување и дополнување на Законот за основното образование и на Законот за националната рамка за квалификации.

Работните групи имаат обврска до крајот на тековниот месец да ги подготват предлог-законските решенија, односно законски измени, по што тие ќе бидат објавени на владиниот ЕНЕР-систем на увид на јавноста. Ќе се организира и јавна дебата со цел да се даде можност за предлози и сугестии за подобрување на содржината и проследување на најдобрите верзии во собраниска процедура.

Најдобрите и најефективни законски решенија се носат исклучиво преку инклузивен пристап со учество на сите засегнати фактори. МОН го почитува овој принцип и ги охрабрува граѓаните активно да учествуваат во градењето поквалитетен образовен систем, се наведува во соопштението на Министерството за образование и наука.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content