Салата ќе се протега на површина од 650м2, а со нејзината изградба се обезбедуваат и сите реквизити потребни за квалитетна реализација на наставата по физичко и здравствено образование.
Спортската сала во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ ќе биде погодна за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, пинг-понг и гимнастика, спортови потребни за правилен раст и развој на децата.
Новата мултифункционална и енергетски ефикасна училишна спортска сала, е дел од проектот „Изградба и опремување на 145 училишни сали“, финансиран од Владата на Република Северна Македонија.