Се воведе двосменско работење на Клиниката за онкологија

Новото раководство на Клиниката за онкологија на чело со проф.д-р Игор Стојковски воведе двосменско работење во дневната болница.

139

Целта е да се намали гужвата во дневната болница, која е идентификувана како еден од најсериозните проблеми, како и да се обезбеди соодветен третман на оваа ранлива група пациенти во институцијата која третира најголем број на малигни заболувања и е единствена во терциерното здравство од овој тип.

Пациентите до 20 часот во втора смена отсега ќе може да ја добијат оваа здравствена услуга во дневната болница.

Инаку, Клиниката за онкологија активно учествува во активностите за отворање онколошко одделение и обезбедување терапија за пациентите со малигни заболувања во ГОБ „8 Септември, каде се очекува амбулантно поликлничката дејност во областа на онкологија да профункционира за неколку недели, а целта е дисперзирање на терапијата и растоварување на работата на Клиниката за онкологија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content