Фудбалерите на осми октомври му гостуваат на Лихтенштајн, додека на 11. октомври на Националата арена „Тодор Проески“ ќе играат против Германија.
Селекторот Благоја Милевски повика 26 фудбалери за двата меча. Ердал Ракип од шведски Малме за прв пат добива повик во А репрезентацијата, а во националниот тим се враќа и Аријан Адеми кој поради повреда ги пропушти септемвриските квалификации.
Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Дејан Илиев (Серед, Словачка);
Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Висар Муслиу (Мол Види, Унгарија), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан Алиоски (АЛ Ахли, Саудиска Арабија), Тодор Тодоровски (Раднички Ниш, Србија), Стефан Ашковски (Сепси, Романија), Ѓоко Зајков (Левски, Бугарија), Никола Серафимов (Залаегерсег, Унгарија);
Среден ред: Елиф Елмас (Наполи, Италија), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (Мариупол, Украина), Тихомир Костадинов (Ружомберог, Словачка), Бобан Николов (Шериф Тираспол, Молдавија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Ердал Ракип (Малме, Шведска), Јани Атанасов (Хајдук Сплит, Хрватска);
Напад: Адис Јаховиќ (Гезтепе, Турција), Милан Ристовски (Спратак Трнава, Словачка), Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Александар Трајковски (Алборг, Данска), Дарко Чурлинов (Шалке 04, Германија), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија);
Собирот на македонската репрезентација е закажан за 3. октомври (20:00 ч.) во хотел „Хилтон“ во Скопје.