Секунди и метри одлучувале за огромна воздушна трагедија со стотици загинати над Скопје (ВИДЕО)

115

Секунди и метри одлучувале за огромна воздушна трагедија со стотици загинати над Скопје која била избегната во последен момент.

Авион со ознака ТК1358 на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Мадрид до Истанбул и летало на „Санекспрес“ кој од турскиот крајбрежен аеродром Даламан летал за Лондон-Гетвик ги делеле секунди од судар над Скопје на 7 септември.

Видео илустрација од веб-страницата за следење летови Флајтрадар24, покажува дека авионите ќе се судриле над скопско Миладиновци а би паднале на пошироката територија на Скопје.

Според експерти за авиосообраќајнкои ја толкуваат снимката на 30 секунди пред да се разминат, авионите биле на иста височина од 36.000 стапки, но за среќа пилотите во последен момент отишле на различни висини.

Агенцијата за воздушна пловидба и соодветните институции истражуваат дали вината за инцидентот е кај македонските навигатори или опасноста ја предизвикале пилотите на авионите.

Видео симулацијата во видеото.

https://x.com/GoranPavlovski2/status/1834193417905005043?t=rojG0EBcCvE03WrtuG79JA&s=19

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content