Седница за реконструкција на Влада, пратенички прашања: И денеска тензично во Собранието

37

Собранието за денеска има закажано две седници. Во 10 часот треба да ја продолжи 104. седница на чиј дневен ред е реконструкцијата на Владата, а во 11 часот е закажана нова седница за пратенички прашања.

И денеска е тензично во Собранието по кавгата на Игор Јанушев и Талат Џафери, а истата може да ја погледнете ТУКА.

Доцна синоќа беше прекината 104. седница на која се расправа за разрешувањето на министрите, а на оваа седница е и назначувањето на новите министри Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина.

На оваа седница треба да бидат разрешени и замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу и да бидат избрани нивни заменици.

Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток од месецот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content