Седница за избор на составот на собраниските тела в понеделник
В понеделник напладне ќе се одржи седницата на која на дневен ред ќе биде изборот на составот на работните тела на Парламентот.
Втора точка ќе биде верификација на мандатот на пратеничката на местото на Јагода Шахпаска, која беше избрана за министерка за труд и социјала.
Во врска со можноста пратеникот во изолација, Арбен Зибери да гласа во понеделник, Џафери рече дека тој во сабота ќе го прави последниот тест. Ако е негативен, со одлука за изолација како превенција може да дојде да гласа од кабинетот. Сепак, ако има позитивен тест, Зибери нема да може да гласа, истакна Џафери.
Во законодавниот дом досега се пристигнати законските предлози на Владата за основно и средно образование, како и петте одлуки за вонредната состојба од претседателот на државата Стево Пендаровски.