СДСМ и ДУИ го скратија бројот на часови по Македонски јазик во основното образование

25

Ве потсетуваме на трагикомичната реформа на Мила Царовска за основно образование, наречена Концепција. Министерот Јетон Шаќири и покрај неприфаќањето на Концепцијата од најрелевантните институции и широката наставничка јавност упорно решил да ја спроведува. Во врска со тоа СДСМ и нивните коалициони партнери направија нов катастрофален потег. Тивко и подмолно забиваат нож во грб, како што им доликува на предавниците кои за жал, отсекогаш ги имало на ова поднебје низ историјата, рече Јаневска.

На прес-конференција таа отрки дека на 12 јули, додека народот се противи на францускиот предлог и додека траат масовните протести на улиците, токму поради јасните последици по македонскиот идентитет, министерот за образование и наука, кадар на ДУИ усвојува нов наставен план за основно образование, со кој изучувањето на македонскиот јазик во второ одделение се намалува од 6 на 5 часови неделно.

Ова е само почеток на промените, кои според Концепцијата, ќе се воведат и во другите одделенија, етапно во секоја следна учебна година. Сега на сите им е јасно зошто толку оспоруваната концепција требаше да биде прифатена, а и спроведена. Ненародната власт на СДСМ и ДУИ, прави силни напори да се додвори на Бугарија и презема активности што секако, одат на штета на Македонците и македонскиот идентитет.

Дали премиерот Ковачевски како Македонец со бетониран идентитет чувствува некаква грижа и болка тоа што идните поколенија, освен што ќе треба да изучуваат изобличена и неточна историја напишана во учебниците по мерка на Бугарија, ќе имаат и помалку часови да му се посветат на својот мајчин јазик?

Како со овој потег се заштитува македонскиот идентитет и ќе се јакне македонскиот јазик со кој толку многу се фалат дека е безбеден? Одговорот е никако. Одамна е јасна намерата на оваа власт. Но, верувајте дека за ова и сите досегашни предавства и злодела, најпрво ќе им пресуди народот, а потоа ќе си одговараат пред институциите на системот како што и доликува, вели Јаневска.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content