Свиркачи документирале српска инструкторка која помагала за дестабилизација на Македонија, тврди уредникот на Радио Лидер
Студенти свиркачи неколку дена документирале односно собирале докази за комуникација на македонски организации со српска инструкторка која помагала за дестабилизација на Македонија, тврди уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев.
Златев најавува дека наредниве денови ќе ги објави сите докази дека инструкторката од соседна Србија, веќе ги организирала дел студентите од УКИМ да почнат сценарио за дестабилизација.
Во сценариото треба да учествува уште една организација, која веќе се обидела да го стори истото во случајот со Фросина Кулакова. Според Златев логистиката за оваа операција ја даваат дури три политички партии.
,,Видовме подготвеност на здравствените власти. Преживеаните експресно беа згрижени и голем дел од нив беа испратени во странство во најбрз можен рок. Беше организирана помош, најдобрите доктори дојдоа овде.
Видовме подготвеност на МВР и ОЈО кои експресно осомничија 34 лица и 3 фирми за случувањата. Осомничените се приведоа неселективно, ги има од ВМРО – ДПМНЕ, од СДСМ и од ДУИ.
Да, систем конечно има. Треба да се работи уште многу на неговото зајакнување, но истиот по подолго време постои!
Македонија е ранливо општество, тоа значи дека длабоката држава нема да се предаде без битка”, пишува Златев во објавата во која најавува шокантни информации.
,,Почнаа со лажни вести, преку своите медиумски платеници ширеа лаги дека се кријат мртви, дека полицијата заклучувала врати и дека власта ги убила младите. Сакаа да снимаат погреби, но, за среќа пропагандата не им пројде. Граѓаните сфатија за шарените лаги и старите актери…
Во понеделник сакаат да ги активираат силите на хаосот.
Инструкторка од соседна Србија, веќе ги организирала дел студентите од УКИМ да почнат сценарио за дестабилизација. Во сценариото ќе учествува уште една организација, која претходно се обидуваше да го спроведува истото за случајот Фросина Кулакова (кој исто така експресно беше решен од властите). Логистиката ја даваат дури три политички партии. Нивните лидери работат за длабоката држава, а можеби и за една странска служба.
Среќа имаме свиркачи, има деца кои не сакаат да бидат злоупотребени, има деца кои ја сакаат Македонија.
Тие деца, документираа се што прават агентите на хаосот, под патрон на инструкторката која ја знаеме. Тие деца смимаа, сликаа и правеа скриншотови во последните три дена. Имаме се и ќе ви презентирамр се, за да не ве излажат како што ве излажаа во 2015, 2016 и 2017 година. Ваше е да размислувате критички.
Во понеделник ќе видите се”, пишува уредникот на Радио Лидер.