Сакала да се удави во езерото во Крушево, ја спасил полицаец

40

Жена скокнала да се дави во езерото во Крушево, а полицаец скокнал и ја извлекол, е краткото резиме на инцидентот за кој информира МВР.

Полицијата претходно вчера вечер добила пријава дека жена сака да се фрли во езеро во близина на Крушево, што се покажало како клучна информација.

Полициски службеници се упатиле кон езерото и ја затекнале жената во моментот кога скокнала во езерото.

Полицаец од станицата во Крушево скокнал во езерото по неа и ја спасил, по што жената е пренесена во Здравствен дом Крушево.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content