Ристески и Дурмиши извршија инспекција во маркетите

102

-Заедно со министерот Дурмиши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски посетивме неколку маркети во Скопје каде извршивме увид во спроведувањето на акцијата „Новогодишна кошница“. Според првичните информации од ДПИ, досега нема некои поголеми проблеми, акцијата се спроведува, инспекторите и понатаму ќе бидат на терен и ќе ја контролираат акцијата, напиша Ристески на Фејсбук.

Новогодишната кошница која се спроведува на иницијатива на стопанствениците и маркетите, донесе пониски цени на над 1.000 производи досега. Акцијата започна на 15. декември и ќе трае до 15. јануари.

-Повторно сакам да се заблагодарам на компаниите, кои како општествено одговорни чинители ја креираа Новогодишната кошница, самите ги избраа производи од нивните асортимани и ги понудија на граѓаните со најмалку 10 % пониска цена на рафтовите на маркетите. Ме радува фактот што постојано расте интересот за акцијата, од околу 600 производи пред 2 недели, денес имаме речиси 1100 производи кои се понудени од 96 производители и дистрибутери и се достапни во 50 ланци на маркети и маркети, стои во објавата од заменик министерот на социјалните мрежи.

Тој апелираше до компаниите доследно да ја почитуваат акцијата која што самите ја креираа, а доколку граѓаните имаат забелешки истите да ги пријават до Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страната www.dpi.gov.mk

Производите од новогодишната кошница граѓаните можат да ги видат на веб страната www.mojakosnica.mk, а сите заинтересирани производители, дистрибутери и маркети можат се’ уште да се пријавуваат со свои производи на е-маил адресата: [email protected].

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content