Решен е откупот на ориз: Владата со директна помош

102

Македонските земјоделци имаат целосна поддршка од Владата. Мицкоски и Трипуновски донеле одлука да се поддржи откупот со 6000 денари за 1000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз. Освен тоа, оризопроизводителите ќе добијат субвенции од 18 илјади денари од Владата по хектар за тековната 2024 година. Владата го подобрува животниот стандард за сите.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е решено прашањето со откупот на оризот. Тој нагласи дека Владата во соработка со министерството за земјоделство заедно одлучиле дополнително да го поддржат откупниот процес со доделување дополнителни 6.000 денари за секои 1.000 килограми набавено оризово полие наменето за извоз. Тој најави дека оризопроизводителите ќе добијат субвенции во висина од 18.000 денари по хектар за тековната 2024 година.

Интензивни разговори
„По интензивните разговори што ги одржавме заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, успеавме да најдеме решение за предизвиците со кои се соочуваат оризопроизводителите“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Субвенции од 18.000 денари
Тој соопшти дека е одлучено е да се обезбеди дополнителна поддршка за процесот на набавка на ориз со 6.000 денари за секои 1.000 килограми откупен ориз, наменет за извоз. Исто така, оризопроизводителите ќе имаат субвенции од 18.000 денари по хектар за 2024 година.

Оваа мерка претставува опиплива и многу добредојдена поддршка за нашите земјоделци. На овој начин Владата се справува со нивните тешкотии и се стреми да подобри животниот стандард на сите.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content