Најмногу клуч на врата се ставало во секторите трговија, преработувачката индустрија и објектите за сместување. Статистиката е слична во споредба со минатата година и 2019та.
Од бизнисот велат дека бројот на затворени фирми скоро секоја година е ист, но Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата очекува годинава трендот да продолжи со позасилено темпо за разлика од претходните години, поради тешката состојба во која се наоѓаат фирмите. Според него економските и енергетски кризи силно ги погодија компаниите и закрепнувањето оди потешко од очекуваното.
„Тоа е веќе состојба… просек… / се влегува во континуитет од криза во криза…“ изјави за Канал 5 Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација.
Последниве две години беа тешки за сите сектори, а угостителството, трговијата и туризмот беа едни од најпогодените со Корона КРИЗАТА. Според Бошков неизвеснота се уште трае, И апелира државата да се фокусира повеќе на економијата и да создаде амбиент во кој фирмите ќе можат самите да се борат да опстанат.