Речиси сите земјоделци од Кочанско аплицирале за субвенции

122

Рокот за аплицирање, што беше продолжен до крајот на јуни, им овозможил на 2.663 земјоделци да ја достават потребната документација до Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.

Интересот на земјоделските производители беше навистина голем, па и покрај тоа што поради пандемијата работевме со намален капацитет, успеавме да одговориме на нивните барања. Аплицирањето почна на 5 април и првично траеше до 31 мaj, па беше продолжено до 30 јуни Дополнителниот рок за пријавување ни ја олесни работата, а истовремено на земјоделците од трите општини – Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци им помогна да ги комплетираат своите апликации и да ги достават во нашите канцеларии, истакна Горан Миладинов, раководител на подрачната единица за земјоделство во Кочани.

 

Дел од земјоделските производители ги доставиле барањата за субвенции по електронски пат, преку веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, но и тие се вклучени во вкупниот број на евидентирани подносители од регионот. Најголем број од поднесените барања за директни плаќања во земјоделството се однесуваат за субвенционирање на оризопроизводството.

Оваа година предвидени се околу 80 милиони евра наменети за субвенции на земјоделците од целата држава.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content