Рецепт за италијански десерт

37

Потребни состојки:

  • 1 диња од околу 800 гр
  • 2 лажици свежи листови од нане
  • 150 мл вода
  • 200 грама шеќер
  • сок од 1 лимон

 

 

Начин на подготовка:

1. Измешајте ги водата и шеќерот и оставете да зоврие. Оставете ја течноста да се излади.

2. Излупете ја дињата, исчистете ги семките и исечкајте ја на мали коцки. Ставете ја во бледнер заедно со листовите нане и сокот од лимон и направете пире.

3. Измешајте ја дињата со разладениот шеќерен сируп. Префрлете ја смесата во плех за печење со големина 20 х 20 цм и ставете ја да стои во замрзнувач два часа.

4. По два часа, извадете ја изладената гранита од замрзнувачот и измешајте ја содржината.

5. Повторувајте ја постапката на секој половина час, вкупно четири пати, за да формирате ледени кристали.

6. Потоа, гранитата е подготвена за сервирање.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content