Распад на здравствениот систем, секојдневно гледаме собирање на средства по социјални мрежи за лечење на пациенти

42

Владата предводена од СДСМ и ДУИ речиси целосно го распадна здравствениот систем. Секојдневно сме сведоци на животни трагедии. Секојдневно сме сведоци на собирање средства, пред се, по социјалните мрежи за лечење на се повеќе пациенти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека тоа е сликата на распаднатиот систем воопшто, а пред се на распадниот здравствен систем.

–  Тоа е слика за нефункционирање на системот кога се во прашање граѓаните. Тоа е показател дека системот не само што оди кон пропаст, туку и народски кажано не се грижи за граѓаните. Ниту има услови за лекување, ниту има доволно кадар, едноставно не се инвестира во ништо кога е во прашање здравствениот систем, истакнуваат тие.

Како што додаваат „функционалност“ на системот има само кога се во прашање лични интереси на политичарите во Владата, „функционалност“ има кога овие актуелни политичари  ги крадат народните пари.

– Нема функционалност кога граѓаните треба да си го добијат правото на лечење, нешто за што секој еден граѓанин плаќа цел работен век, или цел живот. На здравствениот систем му е потребен целосен ремонт. Ремонт кој треба да започне час поскоро за да се спасат барем некои мали делови. Ремонт потребен да почне веднаш, стои во соопштението.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content