Поради пандемиијата, фестивалот за првпат излезе на отворено на Градскиот плоштад „Слобода”, публиката со заштитни маски и на растојание од метар и половина уживаше и потпевнуваше на безвременските хитови, интерпретирани од Џина Папас Џокси, Дарио Панковски, Мики Јовановски Џафер, Лидија Кочовска, Олгица Христовска, Трајче Манев, Ристо Самарџиев заедно со Виолета Арсовска и групата Интервали, во придружба на Биг Бенд оркестарот, под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски.
Преку видео пораки публиката и организаторите ги поздравија и фронтменот на групата „Поп дизајн” и Хелена Благне. Организаторите на фестивалот одадоа почит и на Драган Вучиќ, кој ја изгуби битката со коронавирусот. Неговото творештво, песни и ден денеска живеат, а една од нив е и победничката „Свирете ја зајади, зајди”.
Вечерва е натреварувачката фестивалска вечер, на која ќе се испејат 24 нови макфестовски песни.