Дел од нив денеска преку мирен собир пред Државниот испитен центар истакнаа дека уредно се пријавени и ги исполнуваат сите услови согласно законот за спроведување на обуките. Побараа веднаш да се објават термини, во спротивно ќе се жалат кај народниот правобранител и меѓународната заедница.
Директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска, за Канал 5 вели вели дека кандидатите креваат непотребна паника бидејќи нема никакво доцнење со испитите. Посочи дека во моментов се бираат нови обучувачи поради истечен мандат на претходните и повика на трпение.
Минатата година 40-тина лица полагале испит за директори во основни и средни училишта. Меѓу нив имало и лица кои веќе работат како директори на училишта бидејќи согласно последните законски измени од 2014 година, лиценцата мора да се обновува на секои 5 години.