ПРОТЕСТ на вработените во ФЗОМ: Нема плата, нема работа

48

Вработените во Фондот за здравство утре во 11 часот ќе излезат на протест поради незадоволството кај работниците за неусогласувањето на платите со растот на минималецот, објави Сител.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски во изјава за телевизијата рекол дека вработените имаат три барања.

– Имаме 3 барања: усогласување со минималната плата, да се донесе вредносен бод и да се зачуваат тие плати што ги имаат вработените и веднаш да се разреши целиот управен одбор на фондот, да се донесат нови членови кои веднаш ќе заседаваат и ќе донесат одлука со која ќе се заштитат вработените во фондот за здравство, вели Деаноски во својата изјава и најави дека ако протестот не вроди со плод, тогаш ќе се активира и штрајк.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content