Просечна оценка 3.61 од двата екстерни испита на државната матура

55

Резултатите од тестовите на речиси 15 300 матуранти кои полагаа  минатиот месец денеска на прес-конференција ги соопшти директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Елизабета Наумовска, а од 12 часот тие се објавуваат на огласните табли во училиштата и во системот matura.gov.mk.

Од испитот по македонски јазик и литература просечната оценка е 3.93,а полагале 10 647 матуарнти (во 2019: оценката била 3.69). Албански  јазик и литераатура средна оценка е 3.59, полагале 3873 (во 2019:  3.85); турски јазик и литература постигната е средна оценка 3.57 од 253 матуранти кои полагале (во 2019: 3.73), средниот успех по англиски јазик  е 2.82 од 13 033 што полагале (во 2019 успехот бил 3.07); француски јазик полагале 31 ученик и постигнале просечна оценка 4.58, а пред две години успехот бил 4.61; германски јазик полагале 135 со средна оценка 4.56 (во 2019 е постигната 4.41), руски јазик полагале 18 матуранти и е постигната перосечна оценка  4.78 за разлика од 4.07 во 2019 година.

 

Математика полагале 1510 матуарнти  и постигнале среден успех од 4.07, што е подобро од 2019-та кога е постигнат 3.66. Во уметничките училишта вториот екстерен беше филозофија односно естетика. Филозофија полагале 13 матуранти и е постигната средна оценка  4.23 (во 2019 успехот бил 3.89) и естетика полагале 63 и постигнале просечна оценка 4.03 за разлика од 4.38 пред две години.

Само двајца ученици пријавиле дека се спречени поради изолација да полагаат и еден се јавил за дополнителниот рок што ДИЦ го овозмои на крајот на јуни.

Матурантите имаат право на приговор во рок од три дена односно до среда, со уплата од 1.500 денари. Новина е што на matura.gov.mk има достапни формулари и информации како да ги достават приоговорите, односно тие се доставуваат до училиштето, кое скенирано ќе ги внесе во е-систем и ќе ги достави до ДИЦ.

Од среда комисии на ДИЦ ќе ги разгледуваат приговорите  и на 12 јули ќе бидат соопштени конечните резултати од јунската испитна сесија.  За тие што нема да достават пригвоори, овие ќе бидат конечни резултати.

Тие што ја положија матурата ќе може да се запишуваат на факултет, а за оние што не ја положиле или не во целост, следната сесија за полагање на екстерните испити е на 11 и 13 август. Наумовска на прес-конференцијата соопшти и дека ДИЦ подоготвва нова концепција за државна матура што би се применувала од идната учебна година.

Државната матура во земјава се спроведува од 2007 година. Поради пандемијата минатата година не беше организирана, а оваа година по компромисот помеѓу Средношколскиот  сојуз и Владата, на матурантите им беше овозможено да полагаат два наместо три екстерни испити и по скратени наставни програми. Покрај екстерни, тие имаа и два интерни предмета и проектна задача.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content