Производителите на ориз најавија протест и блокада на патот Кочани-Штип

41

Тие велат дека сѐ уште не им е продадена околу една четвртина од ланската реколта, а за една недела треба да почне годинешната жетва. Земјоделците велат дека нема да ја почнат жетвата, а во вторник ќе го блокираат патот Штип – Кочани.

Тие бараат да се дефинира производна цена на оризот и да се забрани увоз на неквалитетен ориз, за да се заштити домашното производство. Од Иницијативниот одбор сметаат дека цената на оризовата арпа не смее да биде под 25 денари. Ги обвинуваат откупувачите за манипулации, а државата за негрижа, бидејќи сега за килограм арпа се плаќа од 15-18 денари, а цената оди надолу секогаш кога ќе добијат државни субвенции.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content