Продолжува работата на Анкетната комисија за Онкологија

32

Продолжува работата на Анкетната комисија формирана во Собранието, за утврдување на евентуална политичка одговорност за скандалот Онкологија. За денеска се закажани сослушувања пред пратениците на сведоци и експерти и разгледување на акти и документи поврзани со скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Досега пред пратениците се појавија сегашни и поранешни функционери, министри, службеници и одговорни лица во Фондот за здравство, како и државниот ревизор Максим Ацевски, обвинителот Љубомир Јовески и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Вкупно се планира да бидат сослушани 44 сведоци, а меѓу идните се и раководители и вработени на самата клиника.

Анкетната комисија за утврдување на евентуална политичка одговорност за скандалот на Клиниката за онкологија, беше формирана по објавени сознанија во медиумите, дека на клиниката се краделе лекови, се земало мито и имало несоодветно администрирање на лековите без да постои протокол за администрирање на биолошката терапија која во поголем обем била воведена во 2019 година. Извештајот на државниот ревизор од спроведената ревизија на Клиниката, констатираше дека се трошеле пари за ваква терапија без да бидат потпишани договори за јавни набавки, на реверс. Долгот на клиниката за онкологија е намален, затоа што Фондот за здравство им доделил финансиска инјекција за таа цел. Но раководството на Клиниката за „Слободен печат“ алармираше дека проблеми со биолошката терапија е извесно оти ќе има и во иднина, затоа што парите доделени од Фондот и Министерството за здравство како условен буџет, се недоволни за потребите на сите пациенти чиј број се зголемува.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content