Проверете дали сте добиле субвенции за велосипед од Општина Прилеп
Врз основа на предлогот на Комисијата за спроведување на постапка за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2024 година, а во согласност со Јавниот повик од 2024 година, „Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање / надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди“ со број 09-595/31 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3/2021) и Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2024 година бр.09-1828/9 од 29.06.2024 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.7 од 29.06.2024 година), Општина Прилеп објавува Финална листа на баратели кои ги исполниле, односно не ги исполниле критериумите субвенционирање / надоместување на дел од трошоците за купување на велосипед за 2024 година.
Од вкупно пристигнатите 212 барања, 210 (двеста и десет) баратели ги исполниле критериумите, додека 2 (двајца) баратели не ги исполниле критериумите за надомест на дел од трошоците за купување велосипеди за 2024 година.
Листата на баратели кои ги исполните условите можете да ја погледнете ТУКА.