Провалено во просторија на Државната изборна комисија која била запечатена но не била користена од 4 април годинава.
МВР соопшти дена на 15.09.2023 во 10.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 04.04.2023.до 15.09.2023 во Дом на АРМ непознат сторител оштетил пломба од брава на просторија што ја користи ДИК.
Според соопштението се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Од страна на ДИК ќе биде направена комисија за да се утврди дали нешто недостасува.